ЛАРИН МРАМОР КОМПАНИ АД , Скопје го ископува Македонскиот мермер кој што како градежно-архитектонски камен заради своите естетско-технички карактеристики има долга традиција од најстари времиња па до денес.
За ова сведочат многубројните археолошки локалитети од римско доба, како што се Стоби, Хераклеја и други. Сем големата белина на овој материјал, за неговото користење допринесува и ситнозрнестата структура, што на мајсторите -скулптори им овозможил изработка на уметнички дела од висока вредност кои што и во денешно време предизвикуваат голема воодушевеност кај луѓето. Мермерот, кој што низ историјата од неговото користење има важност како аристократски камен, кој што ние го ископуваме, Ви го нудиме Вам како доказ за "ПОСТОЕЊЕ НА АРИСТОКРАТИЈАТА НИЗ ВРЕМЕТО"