![]() |
Трговското
друштво ЛАРИН МРАМОР КОМПАНИ АД Скопје е основано во 1997
година, со 14 вработени и мал обем на производство на мермер. Во изминатите
години, производството започна да расте, со можност да продолжи да расте
во однос на зголемување на производството и услугите. ЛАРИН АД располага со персонал од 35 лица, кои се компетентни по образование и одговорност. Високите стандарди на професионализам помеѓу вработените се должи на постојаната посета на обуки и својот придонес во работната средина. Високо квалификуваниот персонал во ЛАРИН АД е гаранција за квалитет, квантитет и брзина во работата, кое денес се бара при добивањето на мермерот. ЛАРИН АД е извозно ориентирано претпријатие и 90% од производството се извезува. Производот ПОЛАРИС е добро познат на пазарот како производ со високо-квалитетен материјал, а исто така и успешно се пласира на пазарот. ЛАРИН АД ќе продолжи да ги промовира своите производи на секој пазар и ќе продолжи да гради стабилни и традиционални деловни односи со своите сегашни и идни партнери. Се надеваме дека презентацијата на нашето претпријатие ќе биде од корист за да се одлучите во иднина за користење на мермерот. Доколку ви се потребни дополнителни податоци и информации за нашето претпријатие и производите, Ве молиме слободно стапете во контакт со нас. |